- Понудата вклучува двојно повеќе мобилен интернет во Magenta 1 и Smart, како и можност за купување нови уреди по одлични цени.
- Македонски Телеком, како официјален партнер на УЕФА, на своите корисници им овозможува следење на натпреварите од УЕФА Лигата на шампиони на сите екрани со неограничено користење на MaxTV Go апликацијата.
Македонски Телеком од денеска на своите корисници им овозможува нови промотивни поволности со повеќе интернет и можност за набавка на одлични уреди.
Со новата промотивна понуда, корисниците на Magenta 1 пакетите и на Smart мобилните тарифи добиваат двојно повеќе мобилен интернет, како и можност за купување нов смартфон по свој избор и 43-инчен ултра HD Samsung телевизор со GOPRO камера, по многу поволни цени.
Исто така, Македонски Телеком, како официјален партнер на УЕФА, за непречено следење на фудбалските натпревари од УЕФА Лигата на шампиони во сезоната 2018/2019 година, на своите корисници им овозможува неограничено користење на MaxTV Go апликацијата. Со оваа апликација се овозможува гледање на врвните спортски натпревари на сите екрани дури и кога корисниците се во движење, притоа без да трошат од својот мобилен интернет.
Промотивниот мобилен интернет и неограниченото користење на MaxTV Go се достапни во периодот од 24 месеци, а апликацијата MaxTV Go може да се преземе од Google Play и App Store.
Сите детали за понудата на следниот линк.