Во спотот по повод почетокот на новата сезона на Премиер лигата во Велика Британија, Адидас ги претставија новите дресови на Манчестер Јунајтед.
Адидас лансираше нов спот по повод почетокот на новата сезона на Премиер лигата во Велика Британија, а го зачини со надреални анимации и ѕвезди на Маначестер Јунајтед, од кои некои се појавуваат како на марионети.
Во рекламата насловена како „Manchester United, Here to Create“, се појавуваат славните играчи како што се Пол Погба, Давид Де Геа, Хуан Мата, Џеси Лингард, Андер Херера и Дејли Блинд, а листата на ѕвезди ја заокружува тренерот Жозе Мурињо.
На играчите во спотот се додадени живописни анимирани детали, додека некои (Мата и Херера) се претставени како марионети. Спотот го креира агенцијата The Corner, а постпродукцијата ја правеше Envy. Музичката подлога е оригиналната нумера на раперот Mist и рап продуцентот Steel Banglez. Адидас и Манчестер Јунајтед потпишаа 10 годишен договор за партнерство во 2015 година.