„Креативноста е само поврзување на работите“, истакнал Стив Џобс. Всушност, посочува како различните искуства го поттикнуваат креативниот процес. Без доволно точки за поврзување, мислењето би било премногу линеарано, премногу изолорано.
Но, што се случува кога скоро сите наши традиционални конекции се прекинати поради глобална пандемија? Дали креативноста стагнира? Не. Напротив, благодарение на новите методи на поврзување и комуникација, поттикнати од уредите и алатките создадени од неговата компанија Apple, креативноста продолжува да се развива.
Најновата реклама на брендот претставува прекрасна и минималистичка прослава на животот, дури и во услови на карантин, создадена од вистински снимки на индивидуалци и фамилии – креативци од целиот свет. Секој еден од нив подобрува некоја вештина, споделува некој подарок или отркрива сосем нов начин како да „оживее“ некоја идеја. Спотот е одличен пресек на најдоброто од нашата култура во толку несигурно време.
Рекламата е создадена од агенцијата TBWA\Media Arts Lab, и тоа во рок од само две недели. Погледнете: