Чешкиот производител на автомобили Škoda лансираше нова кампања за британскиот пазар, чие дејство се одвива паралелно со грчка музика. :)
Кампањата насловена “Make every mile count” („Направете секоја милја да вреди“) е базирана врз едноставна, но паметна идеја: мерачот кој го брои растојанието поминато со автомобилот всушност ги мери вашите животни искуства. Затоа, секоја измината милја (или по наше километар) треба да вреди!
Имено, централниот спот на кампањата следи тазе сопственичка на автомобил од моделот Karoq која го истражува светот и собира нови искуства, додека броилото на нејзиното ново возило постојано се зголемува.
„Можноста да им се помогне на луѓето да видат една од најосновните карактеристики на нивниот автомобил, милјометарот, на сосема нов начин беше неодолива и совршено ја прикажува авантуристичката страна на Škoda“ – посочува Греам Лејкленд, креативен директор на агенцијата Fallon UK (дел од мрежата на Leo Burnett), која стои позади новата кампања на Škoda.
Во создавањето на симпатичната кампања, креативната агенција Fallon UK била потпомогната од продукциското студио Smuggler London.