“За славите кои траат по три дена и три ноќи, за комшиите неразделни ко браќа, за келнерите кои не` знаат по име и свирачите кои не` знаат по душа…за нашиот народ, за земјата која не би ја менувале за ништо! “
Новата реклама на Скопско е за нас. За нашите градови и села, за нашите другари, љубови и изгрејсонца..
Во прво лице, СКОПСКО, преку нарацијата на актерот Сашко Коцев, не` води низ моментите во кои сите се препознаваме и сме ги доживеале. Одлично продукциски скоцкана, рекламата прави пресек на емоциите, чувствата и спомените од дружбите со Скопско спакувани во преку 70 секвенци во 90 секундниот спот каде учествуваат преку 300 актери и статисти.
Честа да ја осмисли и реализира оваа реклама ја имаше агенцијата Публицис Скопје во соработка со режисерот Џорџе Јовановиќ и продукциската куќа Мозаик.