Телекомуникацискиот оператор Вип во вчерашниот ден одбележа цела декада од почетокот на работењето на македонскиот пазар. Kако компанија која секогаш нуди повеќе за своите корисници, Вип ги реализираше и продолжува да ги реализира ветувањата кон корисниците за слободна и неограничена комуникација во движење преку најсовремена мрежа под најповолни услови.
“10 години повеќе за Вас“ е мотото и на новата реклама изработена од агенцијата Меккен Скопје, која во еден здив зборува за посебната приказна на најголемото мобилно друштво во Македонија – “Нашето модерно, динамично, бунтовно друштво денес брои повеќе од 1,2 милиони корисници. Ви благодариме што сте дел од нашата приказна“
Во знакот на десеттиот роденден ВИП промовираше и нова супер-атрактивна роденденска понуда за сите пост-пејд корисници која можете да ја погледнете на овој ЛИНК.
“Изминатите 10 години за Вип значеа постојан раст и менување, период кој стана синоним за внесување промени на пазарот. Ја започна либерализацијата и воведе вистинска конкуренција која за корисниците донесе многу повеќе комуникација и тоа со најповолни услови. Посветеноста на постојаното градење доверба со нашите корисници го докажавме и со надградба на сопствената мрежа и воведувањето новини кои ја олеснуваат секојдневната комуникација. Продолжуваме понатаму со засилена динамика, иновативност и посветеност уште поинтензивно да им го овозможуваме на корисниците најповолното, најквалитетното и најиновативното од светот на телекомуникациите и тоа по најдостапни цени и супериорна услуга“, изјави Димитар Ковачевски, Извршен директор на оне.Вип.
Вип прерасна во конвергентен оператор со понуда во мобилната, фиксната телефонија, интернет и телевизиски услуги. Само во минатата година Вип инвестираше над 35 милиони евра во изградба на сопствената најсовремена 4Г ЛТЕ и 4Г + мрежа со која на корисиниците им овозможува најбрз, квалитетен и стабилен пренос на податоци, како и најсовремена мобилна комуникација и повици со HD квалитет. Со изградените преку 750 базни станици низ целата земја, Вип овозможува покриеност на над 99,8% од населението.