Рекламата која ја изработи агенцијата Adam&Eve/DDB ни го претставува малиот самоуверен овен кој целосно е изработен во CGI анимација
Од Велика Британија ни доаѓа забавна реклама за моделот на T-Roc од Фолксваген, во кој главната улога ја игра еден мал овен, роден самоуверен да се соочи со целиот свет, со густо црно крзно и рогови како на возрасен овен.
Малиот бунтовник е подготвен храбро да се соочи со било кој. Овчарско куче, фармер и многу други, никој не може да го исплаши. Но, кога ќе се соочи со T-Roc SUV, малиот самоуверен овен пронаоѓа некој рамен на себе и тој е оној кој попушта. Спотот оди со соодветна музичка подлога, песната „Are you gonna go my way“ од Лени Кравиц, а го режираше Ник Гордон од продукциската куќа Somesuch.
Овенот е целосно изработен во CGI анимација, а го создаде компанијата за посебни ефекти MPC (повеќе за тоа како е направен спотот, можете да дознаете од ова видео). Карстен Келер, креативен директор на MPC, изјави: „Нашата задача беше да создадеме мал овен кој би имал реалистични пропорции и анатомија. Ако со анимацијата и “глумата“ одете предалеку, одма ќе ја изгубите веродостојноста. Емоциите и раскажувањето на спотот ‘Born Confident’ го пренесува ставот на нашиот мал херој, кој е елегантен и самоуверен, без потреба за некои преголеми мускули.“