Тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ – светски рекет број еден на АТП ранг-листата, победник на Отвореното првенство во Франција во 2016 година и амбасадор на брендот – е главниот протагонист на новата рекламна кампања за 508 PEUGEOT SPORT ENGINEERED, која започна на 30 мај, денот на отворањето на Отвореното првенство во Франција,
Извонредност, привлечност, емоција се основните вредности на PEUGEOT, кои ги споделува шампионот Новак Ѓоковиќ. Амбасадорот на PEUGEOT исто така го држеше првото место на АТП ранг-листата 322 недели – историски рекорд, серија што сè уште трае.
Како водечки светски тенисер, Новак Ѓоковиќ е идеален амбасадор за нашиот нов 508 Peugeot Sport Engineered. Ова се рефлектира во нашата нова рекламна кампања, чии клучни зборови се високи перформанси и еколошка одговорност “- вели Линда Џексон, извршен директор на брендот PEUGEOT.
“Јас сум многу горд што го претставувам брендот PEUGEOT на мојот дрес и задоволен сум што имав чест да бидам еден од првите што возеа 508 Peugeot Sport Engineered. Како спортист и како одговорен граѓанин кој е особено внимателен околу заштитата на околината, јас со задоволство и верба ја поддржувам стратегијата за електрификација на PEUGEOT. Исто така, особено го ценам фактот дека PEUGEOT обезбедува мобилност за играчите на Ролан Гарос со целосно електрифицирана флота возила “- Новак Ѓоковиќ
Темата на рекламната кампања за 508 Peugeot Sport Engineered е тишината во комбинација со перформансите. Тоа покажува дека, благодарение на електричната технологија, најмоќниот сериски автомобил некогаш произведен од PEUGEOT, може да испорача еколошки перформанси, и од аспект на бучава и емисија на штетни гасови. Тука може да се направи паралела со Новак Ѓоковиќ, кој е познат по тоа што бара молк пред да се впушти во рели на теренот.