Замислете кога секоја фотографија од вашите објави на Фејсбук би изгледала во живо. Ова е реалноста која Фејсбук сака да ја понуди со новата функција што ги прави 3Д-фотографиите достапни за секого.
Ваквата опција Фејсбук ја воведе во 2018 година, овозможувајќи им на луѓето да им дадат на своите фотографии изглед на “подвижни“ 3Д позадини, под услов оригиналната фотографија да е направена со користење на некој “режим на портрет“, пренесува Mashable.com.
Поддршката за 3D фотографии стана достапна на Фејсбук, во време кога камерите со двоен објектив ја популаризираа алатката „портрет подесување“, со која предниот објект во фотографијата е фокусиран, додека позадината е уметнички замаглена. Платформата на Фејсбук потоа може да ги искористи дополнителните податоци во тие датотеки со слики за да создаде подобрена слика во која се чини дека се движи позадината.
Фејсбук во своето соопштение ги известува корисниците дека фотографиите со “режим на портрет“ веќе не се потребни. Со помош на вештачка интелигенција, вашите стари и здодевни 2D фотографии ќе може да се приклучат на “3D „забавата. Секоја слика која што ја имате објавено, без разлика колку е стара, ќе може да се обработи преку Фејсбук 3D алатката.
„Овој систем навлегува во 3Д структурата на која било фотографија, без разлика дали станува збор за нова снимка што е направена на Android или iOS уред со стандардна единечна камера, или се работи за децениска стара слика која неодамна е поставена на телефон или лаптоп“, пишува во блогот.
Постот содржи значителна количина детали за тоа како функционира новиот процес и нуди неколку примери за да можете и самите да ги видите резултатите. Краткото објаснување е: Мрежата на Фејсбук ја прегледува вашата фотографија и ја претпоставува длабочината на секој пиксел, процес за кој претходно беа потребни дополнителни податоци од фотографијата направена со користењето на опцијата режим на портрет“.
За користење на новата алатка е потребен iPhone 7 или понова верзија или подобар Андроид уред, а оваа алатка работи само во рамките на Фејсбук апликацијата.