Колку од фановите на вашиот бренд биле испирирани да купат некој ваш производ на промоција во маркетите во нивна близина поради рекламата која ја виделе на Facebook и воедно придонеле кон зголемување на вашата продажба?
Сега оваа можност се обезбедува преку Dynamic Ad for Retail– нов тип на реклами на Facebook кој има за цел да го нагласи достапниот инвентар во продавниците во близина со цел да таргетира лица со веројатност дека ќе ја посетат таа продавница.
Facebook се обидува да им помогне на малите бизнисите да ја зголемат својата продажба со години. Онлајн се уште останува да биде иднината на продажбата која засега ќе остане зад ѕидовите од бетон и малтер.
Вкупната продажба во продавниците во САД дури 92.5% се одвивала во рамките на продавниците а не онлајн во текот на вториот квартал од 2016 година. Социјалната мрежа големо внимание обрнува кон промоција на продажбата креирајќи начини за поттикнување на потрошувачите преку своите телефони да дојдат до различни информации и притоа да стигнат до касата на одредено продажно место.
“За нас решавањето на овој голем предизвик mobile-to-store е еден од најголемите и најважните предизвици кој отвора големи можности,” изјави директорот за маркетинг на производи во Facebook, Maz Sharafi.
За да им помогнеме на реалните продавници од малтер и бетон да остварат поголема продажба во рамките на продажните места, а воедно повеќе продажби за време на сезоната на празници која наскоро доаѓа, Facebook креира нов формат за реклами кој ги нагласува достапните производи во продавниците во ваша близина со цел креирање на соодветен таргет кој најверојатно ќе ја посети и самата продавница.
Abercrombie & Fitch, Argos, Macy’s, Target и Williams-Sonoma беа првите брендови кои го тестираа новиот рекламен формат кој Facebook го нарекува Dynamic Ads for Retail.
Овој формат е произлезен од оригиналниот динамичен и ориентиран кон е-комерц формат наречен Dynamic Ad кој е надграден со опцијата Local Awareness. Кога онлајн продавниците ќе ги нагласат специфичните производи на нивните сајтови преку ‘’вртелешка’’ од слајдови ќе се креира слајд-шоу од достапните производи во продавниците во близина како и оддалеченоста на самата продавница. Во фокусот исто ќе бидат и цените кои ќе бидат дел од понудата. Во ваквиот пристап добро е да се обезбедуваат точни и транспарентни податоци, за да се обезбеди овој пристап кон рекламирање, Facebook побарува од учесниците да ги ажурираат нивните каталози со специфичните производи кои се рекламираат во специфичните реклами на секои 24 часа. Овие реклами можат да вклучуваат и мапа како да се стигне до одредената продавница како и контакт информации.
Овие специфични динамични реклами ќе вклучуваат и линкови до производите на сајтот на продавачот, на овој начин Facebook ќе прави зачувување на лицата кои имаат интерес за ваков тип на зделки со цел почесто рекламирање на слични производи достапни во областа вокоја лицето живее/се наоѓа како и продавници во близина од каде што може да се набават добрата- производите.
Ова таргетирање е последната стратегија на Facebook кој стандардното таргетирање кон специфични профили на фанови кое претходно го имаше продавачот сега го зема во свои раце- Facebook со оваа нова опција станува тој кој ги таргетира специфичните луѓе кои треба да ја видат рекламата базирано врз типовите на профили на потрошувачи кои тој смета дека најверојатно ќе ја посетат продавницата а со тоа тој ќе помогне при донесувањето на одлуката за таргетирање.
Кога луѓето ја споделуваат својата локација, таквиот тип на податоци Facebook ќе го користи со цел обезбедување на потребните параметри за правење на одлуки за таргетирање на ваквиот тип на реклами за продавачи.
Опцијата за бележење на посети од страна на таргетирани клиенти ќе стане достапна од наредниот месец но не за сите брендови. Продавниците лоцирани во густи урбани области и трговски центри на повеќе нивоа најверојатно нема да бидат во можност да ја искористат оваа опција затоа што Facebook на тој начин нема да биде во можност да ги следи активностите на луѓето кои ги посетиле продавниците- нема да може да идентификува дали ја посетуваат продавницата или пак се случајни минувачи .