Социјалната мрежа анализата на пораките започна да ја гледа од нова перспектива- аналитичка која веќе започнаа да ја користат агенциите.
Секој дигитален огласувач знае дека и најдобите алатки на светот имаат потреба од дополнителна анализа. Една од новостите која може да се каже дека израдува доста агенции е таа дека Facebook ќе открие нова аналитичка алатка поврзана со Messenger.
Апликацијата ќе има за цел да следи специфични интеракции, и со добиената метрика ќе овозможиу подобрување на искуството на корисниците и компаниите кои се огласуваат.
Messenger Bot
”Facebook Messenger bots” дебитираа на пазарот во Април, 2016, а од тогаш девелоперите креираа 34,000 од нив.
Што овие Messenger ботови прават? Тие ја автоматизираат интеракцијата помеѓу брендовите и луѓето во нивниот таргетиран пазар.
Анализата на FB ботовите е битна поради интересот на онлајн огласувачите кои сакаат да знаат колку ефективно ќе креираат интеракција и вклученост за нивните брендови/ брендовите кои ги застапуваат и како ќе придонесат кон подобрување на корисничкото искуство. Затоа, алатка за аналитика е доста битна со цел да се даде оценка за нивниот придонес со цел да се вложува повеќе во нив.
Алатка за следливост на пораки
Добра вест е тоа што алатката за аналитика на Messenger е дел од Facebook Analytics for Apps. Меркетерите кои веќе се прилагодиле на користењето на алатката за аналитика на Facebook ќе им биде лесно да ја користат и оваа алатка која е достапна бесплатно.
Девелоперите на ботови ќе ја користат алатката за да нагласат кои типови на настани ќе ги следат со неа, тие можат да одлучат дали ќе собираат аналитички податоци за специфични пораки, категории на пораки или пак типови на пораки.
Кога еднаш ќе се добијат резултатите, девелоперите можат да ги проверат метриките кои се клучни како степенот на кликања (CTR) за пораки со специфична акција (call to action).
Интеграција и сегментација
Аналитичката алатка има поглема улога од способноста да направи тестирање на опцијата call to action. Исто така прави и анализа на референци со корисничките податоци на корисниците на Facebook за да детерминира колку добро една порака се пренесува кај специфични типови на публика. Со овие т.н ботови маркетерите можат да ги користат корисничките информации за да ги прилагодат своите пораки до луѓето базирано на демографски податоци и интереси.
Како пример девелоперот на ‘’бот’’ може да провери колку луѓе одлучиле да не добиваат одредени известувања и да ја сегментира таа група со податоците од нивните Facebook профили. Овие податоци може да се следни: возрасна група, приходи, статус на врска и интереси.
Доколку на пример имате креирано настан со одредена понуда и вредност за понудата можете преку овие т.н ботови да ги сегментирате луѓето врз основа на нивното однесување. Можете да ги сегментирате луѓето кои ја прифатиле понудата или првите 10% кои направиле нарачка по одреден број. Можете да го искористите тој сегмент за да ја разгледате оваа целна група која сте ја сегментирале и да погледнете што е тоа што кај овие луѓе би помогнало да се конвертираат во потрошувачи/корисници.
Корисниците кои се загрижени за приватноста на своите профили и пораки не смеат да се грижат, Facebook користи и анонимни податоци за корисниците. .
Околу интересот на Facebook
Facebook не е добротворна организација. Компанијата ја нуди оваа алатка бесплатно затоа што на крај на краиштата Facebook исто така ќе се снабди со подобра аналитика која ќе му користи за подобрување на својата корисничка заедница.
За разлика од ова Facebook ќе ги користи податоците како фидбек во неговиот алгоритам со цел да ги прикажува на специфични корисници.
Важни алатки
Како дополнување на бенефитите за користење на новата алатка сервисот за анализа на податоците може да се поврзи со аналитиката на Facebook наменета за web и мобилни апликации и на тој начин на маркетерите ќе им овозможи увид во начинот на кој корисниците комуницираат низ сите три платформи (Facebook, Instagram, Messenger)
Со овие ботови може да се погледне дали две направи всушност се користат од страна на еден корисник. На овој начин компаниите можат да имаат подобар увид во патот на својот корисник
Нека започне патувањето!