Телекомуникацискиот оператор А1 Македонија воведува позитивна атмосфера во македонскиот етер во пресрет на претстојните Новогодишни и Божиќни празници со кампањата насловена „Новата година блеснува со тебе“.
Централниот спот на кампањата се движи по растечка енергетска линија, која кулминира со игра и музика под светлината на ѕвездите, празничните светилки и танцот на снегулките – и сето тоа проследено со звуците на македонскиот евергрин „Сите мои слики“ од Ареа, овој пат преработена со инструментализација во празничен дух.
Дејството на рекламата започнува со тивки ноќни сцени во кои се запознаваме со неколку различни групи на луѓе – пријатели и роднини, од сите возрасти. Како што темпото на музиката се забрзува, така луѓето полека се собираат од сите страни на градот за да земат учество во заедничката новогодишна прослава проследена со многу љубов, емоции и насмеани лица.
„Твојот свет, твоите желби и твојата радост е тоа што ја прави новата година посебна. Ние сме тука да те поврземе со најблиските и со оние кои најмногу ти значат. Затоа во 2025 година, сите заедно да блеснеме уште посилно и да ја направиме годината највесела досега. Да создадеме свет подобар за сите“ – стои во празничната порака на А1 Македонија, објавена заедно со новата кампања.
Покрај подигнувањето на празничен дух кај пошироката јавност, кампањата исто така ја промовира новогодишната понуда на А1 Македонија која вклучува интернет за дома, интерактивна телевизија и мобилни линии со неограничен интернет.
Во продолжение гледајте ја новата празнична реклама која несомнено ќе ве предизвика да си ја потпевнувате песната уште долго време: