Популарниот бренд на чипс Lay’s лансираше нова хумористична кампања за американскиот пазар, насловена “Неограничен избор” („Unlimited Choices“).
Кампањата прави пародија на една од најпрепознатливите сцени во филмот „Матрикс“ (1999), каде главниот јунак Нео е предизвикан од таинствениот Морфеус да направи избор помеѓу две апчиња – сино или црвено, што ќе ја одреди неговата судбина.
Во случајот, на местото на Нео се наоѓа обичен потрошувач кој е „прогонуван“ од неограничениот избор на вкусови на чипс, кои што му ги нуди комичарот Киган-Мајкл Кеј во улогата на Морфеус. На крајот од рекламата се појавува и актерката Кери-Ен Мос, позната по ликот на Тринити во филмот „Матрикс“.
Кампањата е создадена во соработка со креативната агенција Highdive, продукциската куќа Hungry Man и познатиот новозеландски режисер Тајка Вајтити.