Новата празнична реклама на FedEx, создадена со помош на агенцијата BBDO New York, е изградена врз основа на платформата „Што ние доставуваме преку доставувањето“ која брендот ја претстави минатата година, фокусирајќи се на потрошувачите кои ќе испраќаат и примаат подароци за време на празничната сезона.
Рекламата, насловена „Gift Box“, има намера да ја претстави емоционалната страна на доставата на пакети со подароци, илустрирајќи дека вредноста не е во самите пакети, туку во она што тие значат за самите луѓе. Рекламата ја следи приказната на едно девојче и како едно едноставно FedEx пакетче ја поттикнува нејзината имагинација, претворајќи го нејзиното Божиќно утро во магично празнично искуство – приказна која има за цел да ги потсети гледачите за можностите кои FedEx ги овозможува не само за време на празниците, туку секој ден.
Рекламниот спот е режиран од страна на Ноам Муро, кој ја режираше и минатогодишната серија реклами на брендот.