Како би изгледал Instagram во 18 тиот век?
Мораме да си признаеме на себе дека нашиот свет се промени со зголемувањето на популарноста на апликации како Instagram. Социјалните медиуми станаа неизоставен дел од нашето секојдневие и нашите животи до таа мера што допреа до секој од нас како никогаш досега.
За таа цел ви ја прикажуваме најновата реклама на Ikea- со сосема неочекуван преглед на она што на сите ни се случува кога станува збор за социјалните медиуми.
Видеото опишува семејство од 18 тиот век како започнува да вечера. Во исчекување на вечерата децата не вечераат се додека уметникот не ја наслика нивната гозба по барање на таткото. Откако таткото е задоволен од портретот слугите ја носат сликата на раце низ целата околина чекајќи одобрување дека истата им се допаднала на сите што ја виделе.
Рекламата завршува со модерен преглед на истата ситуација каде таткото ја фотографира вечерата на својот смартфон додека семејството е во очекување да го започне оброкот- на сите ни се случило ова некогаш зар не?
https://www.youtube.com/watch?v=2BXRGzjo1_Q&feature=youtu.be
Пораката која ова видео се обидува да ја пренесе е дека оброкот е оброк- не натпревар, време е да се релаксираме.
Објавена само неколку дена, веќе има повеќе од 2.5 милиони прегледи на YouTube.
Ова не е првпат Ikea да има вирална реклама. Дали ја погледнавте сликата на ѕидот на семејството од ‘’модерното доба’’?
“Да се опуштиме. Време е да ги оставиме своите очекувања зад вратат од кујната, и да ги откриеме повторно едноставните нешта на секојдневието, да уживаме во готвењето, јадењето и заедништвото на семејството’’.
Во свет каде имаме константна потреба да сме поврзани, ајде да обезбедиме време да се исклучиме од се и да уживаме.