Како во „шумата“ на реклами за кеш кредити да се направи онаа која не само што ќе биде забележана, туку и која ќе ги поттикне корисниците да одберат токму кеш кредит од вашата банка? Праксата покажува дека повеќето од нас, за кеш кредити се одлучуваат заради подмирување на некои итни потреби. Затоа кеш кредитите се нашето најбрзо решение. Во време кое од нас бара брзи одлуки, повеќето немаат време да се информираат за сите понуди за кеш кредитите од различни банки. Заради тоа реклама за кеш кредитите мора да биде информативна, забавна и пред се` забележана.
Една таква реклама е онаа на McCann Белград за Халк банка во која се тргнува од фактот што сите банки во Србија одобруваат кеш кредити, но Халк банка нуди непроменлива каматна стапка во текот на првите две години на отплата. Ратата која не се менува донесува финансиска стабилност и предвидливост, што донесува душевен мир и своевидна мудрост. И тоа требаше да се прикаже преку една реклама.
Главниот јунак во рекламата кој го глуми Милош Самолов, штотуку зема кеш кредит од Халк банка и на секое прашање одговара со ХАЛК. И тоа се покажува како најточен, најмудар, најефикасен одговор на сите дилеми кои неговите комшии и сограѓани ги имаат во врска со своите финансии, вложувања, желби воопшто.
Поволна и единствена понуда, во комбинација со шармот на Милош донесува кампања која нема да остане незабележана.
Тим:
Креативен директор: Јана Савиќ Растовац
Креативци: Бојан Бабиќ, Дивна Пешкир, Бранко Андрејевиќ
Акаунт: Александра Брадиќ, Јована Стојановиќ
Стратешки планер: Александар Милојевиќ
Режија: Данило Бечковиќ
Продукција: Le Spot