Пивара Скопје денеска објави нова реклама за својот бренд СКОПСКО, која во контекст на моменталната ситуација поврзана со хуманитарната катастрофа поврзана со пандемијата, дава импулс на надеж, емпатија и љубов за подобра иднина која не очекува.
На почетокот, како нарација на кадрите со познати музичари, лица и агли од популарни локали во Македонија, оди цитат од романот “Тунел” на Петре М. Андреевски: „Само ако имаме нешто за сеќавање, само тогаш знаеме колку време сме биле заедно и колку време сме живееле и зошто треба да го браниме тој живот“
Во последниот дел се вклучуваат и главните протагонисти кои финишираат со реченицата “Можеби нема да биде исто, но заедно ќе направиме да биде подобро! Заедно. За убаво. За НАС”