Германскиот производител на автомобили Volkswagen објави нова забавна реклама со која ја промовира технологијата за паметно паркирање “Park Assist Pro” на новиот Volkswagen Touareg.
Дејството на рекламата се случува во сервис за хемиско чистење каде сопственичкиот пар „тајно“ набљудува што се случува пред нивната продавница и „профитира“ од секојдневните маки на бројни возачи кои се обидуваат да влезат во своите тесно паркирани возила, а притоа ја валкаат својата облека.
Меѓутоа, во последната сцена на спотот гледаме итар возач на Volkswagen Touareg кој без напор го зема својот телефон од џеб и со негова помош го придвижува своето возило напред – така создавајќи си простор да влезе без никаков проблем, додека „љубопитните“ сопственици на хемиското чистење остануваат збунети од она што го виделе.
„Гледајќи ја професионалната функција за помош при паркирање преку необичната гледна точка на нашите двајца шармантни сопственици на хемиско чистење и претставувајќи ја како едноставен и секојдневен решавач на проблеми, создава забавен и ведар тон кој совршено ја поставува сцената за новиот Touareg. За мене како режисер, комбинацијата на одлична актерска екипа, силна филмска приказна и привлечен, изненадувачки пресврт што потекнува од одлична креативна идеја го прави ова убаво дополнување на долгото наследство на хумористични и забавни спотови на Volkswagen“ – објаснува режисерот на реклмата, Кеј Киенцлер.
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција DDB Voltage и продукциската куќа Film Deluxe.