Брендот за безалкохолни пијалоци Coca-Cola прави континуирани напори да го намали својот придонес врз загадувањето на животната средина. До 2025 година, компанијата ветува дека 100% од нивните пакувања ќе може да се рециклираат, а до 2030 година планира да создаде систем преку кој секое произведено шише или лименка ќе го враќа назад во своите фабрики. Но, до тогаш, ќе го поттикнува рециклирњето преку билборди.
Во новата кампања создадена заедно со агенцијата Публицис Италија, брендот ја трансформираше својата позната спирала во знак кои ги насочуваат минувачите до најблиската корпа за рециклирање.
Истражувањето позади кампањата покажало дека потрошувачите сакаат да рециклираат ако знаат како лесно да ги пронајдат корпите за овој вид на отпад. Поставувањето на знаците е направено стратешки, а локациите се одбрани врз основа на постоечките и нови корпи за рецилирање кои имаат максимална видливост.
Кампањата е застапена во Централна и Западна Европа, а ќе се појави и на музичкиот фестивал Happy Energy Tour во Бугарија, кој минатата година привлекол 200,000 посетители. Првичните резултати од кампањата покажуваат одлична ефикасност, така што дури 85% од продадените лименки биле вратени за рециклирање.
Ова не е прв пат Coca-Cola да си „игра“ со својата спирала како дел од некоја кампања. Брендот претходно има добиено и Гранд При награда на Cannes Lions за кампања во која спиралата ја трансформира во две раце кои меѓусебно се држат.