За време на минатогодишниот Супер Боул, брендот на чипс Pringles ја лансираше рекламата “Can Hands” со која на забавен начин ја адресираше повремената „незгода“ да ја заглавите раката во нивното лимено пакување – додека посегнувате по последните неколку чипсови. По нејзиниот успех, брендот реши дополнително да ја развие идејата, па сега објави три нови реклами прилагодени за европскиот пазар.
Видеата имаат за цел да го трансформираат потенцијално непријатното сценарио во забавно и пријатно искуство. Без разлика дали за време на некоја забава или собир ќе наидете на луѓе со слични „судбини“ или ќе станете центар на вниманието, од Pringles ве поттикнуваат да ја прифатите забавната страна на ситуацијата.
Овие реклами се создадени специјално за пазарите на Франција, Шпанија, Португалија и Италија, каде што се практикува „Apéro“ – период од денот пред вечерата кога луѓето се собираат заедно за да уживаат во коктели и закуски.
Рекламите се создадени со помош на креативната агенција Grey London и продукциското студио Smith & Jones, под режисерското водство на Улф Јохансон – еден од најнаградуваните комерцијални режисери во светот.