На третиот ден од Меѓународниот фестивал на креативностa Cannes Lions 2024, беа претставени победниците во категориите Creative B2B, Creative Data, Direct, Media, PR и Social & Influencer Lions.
Во категоријата Creative B2B Lions биле прифатени вкупно 371 проекти, во однос на кои беа доделени 13 „лавови“: шест златни, четири сребрени и два бронзени. Главната Grand Prix награда отиде во рацете на агенцијата David Madrid и клиентот JCDecaux за кампањата „Meet Marina Prieto“.
Од 366 проекти пријавени во Creative Data Lions, беа доделени 12 „лавови“: три златни, три сребрени и пет бронзени, додека пак Grand Prix наградата беше доделена на кампањата „Room For Everyone“ за Mastercard од McCann Poland.
За наградите во категоријата Direct Lions се натпреварувале вкупно 2025 проекти, но жирито одлучи да награди 62 од нив со: 10 златни, 20 сребрени, 31 бронзени „лавови“. Главната Grand Prix награда беше доделена за кампањата „The Everyday Tactician“ од McCann London за клиентот Xbox Games Pass. Ова е второ Grand Prix за кампањата на овогодинешното издание на фестивалот.
Во Media Lions биле прифатени 1888 проекти, а жирито одлучи да додели 60 „лавови“: 10 златни, 19 сребрени и 30 бронзени. Главната Grand Prix награда ја доби кампањата „Handshake Hunt“ за Mercado Libre од независната агенција Gut São Paulo.
Од 1528 пријавени проекти во категоријата PR Lions, жирито одлучи да додели 50 награди: 8 златни, 16 сребрени и 25 бронзени „лавови“. Grand Prix наградата ја освои кампањата „The Misheard Version“ од агенциајта Golin London за клиентот Specsavers.
Во категоријата Social & Influencer Lions се натпреварувале вкупно 1769 проекти, од кои 56 се закитија со „лавови“: 9 златни, 18 сребрени и 28 бронзени. Главната Grand Prix награда ја добија агенцијата Ogilvy PR New York и клиентот Cerave за проектот „Michael Cerave“.
На третата фестивалска вечер беше доделена и специјалната награда за „Медиска мрежа на годината“, по следниот редослед:
- OMD Worldwide
- PHD Worldwide
- Mediaplus
Победниците на Cannes Lions се прогласуваат секоја вечер во текот на фестивалската недела од 17 до 21 јуни 2024 година. Сите финалисти и победници ќе бидат достапни за прегледување на The Work. Дополнителни информации за Cannes Lions се достапни на canneslions.com.