По промените поврзани со безбедноста на податоците, Инстаграм и Фејсбук воведуваат ограничувања и за рекламните содржини.
Отсега натаму, корисниците помлади од 18 години нема да можат да гледаат содржини поврзани со алкохол, тутун или е-цигари на овие две социјални мрежи.
Забраната, според објавувањето на портпаролот на Фејсбук, се однесува на било каква продажба, трансфери или подароци.
Ова ограничување важи и за сите групи на Фејсбук во кои барем еден член е малолетен.
Значи, причината за забраната за прикажување може да биде и обичен пост за уживање во една чаша пијалок.