Дојде и тоа – првиот игран филм во светот кој ќе биде лансиран како дигитален NFT (non-fungible token).
Се работи за американскиот трилер филм Zero Contact, во кој главна ѕвезда ќе биде не кој било, туку Сер Ентони Хопкинс.
Филмот ќе биде лансиран на Vuele, нова онлајн платформа за гледање и дистрибуција на филмови како NFT. Имено, корисниците на платформата ќе имаат можност да гледаат, колекционираат, продаваат и тргуваат со разни NFT филмови.
Колку ќе чини гледањето на новиот филм на Ентони Хопкис? Епа според Камерон Шел, ко-директорка на Vuele, тоа ќе го одреди публиката преку аукција.
Понатаму во равојот на платформата, дел од филмовите исто така ќе бидат ставени на аукција, додека пак други ќе имаат фиксна цена.
Филмот Zero Contact бил продуциран целосно виртуелно во 17 различни држави за време на пандемијата, а приказната ги следи судбините на пет луѓе раштркани низ планетата, но поврзани преку нивната верност кон технолошкиот магнат Финели Харт (лик толкуван од Ентони Хопинс.)