Брендот за брза храна McDonald’s на францускиот пазар го претстави својот нов сендвич McCrispy, кој треба да внесе доза на крцкавост и забава во секојдневието на младите Французи.
Централниот спот на кампањата ја следи приказната на момче и девојка кои ја вршат својата досадна летна работа во центар за сортирање пошта. Но, штом загризат во новиот McCrispy, тие се изненадени кога откриваат дека неговата крцкавост предизвикува „експлозии“, ослободувајќи забава и шаренило околу нив. Тоа потпалува романтично ривалство помеѓу двајцата млади, додека се бркаат и прават хаос низ стоваришниот објект.
Забавно сценарио, полно со живот и свежина за овој нов сендвич со рецепт досега невиден во Франција: 100% пилешко филе со екстра крцкава обвивка, сос од мед и сенф и ултра меко лепче направено од пченично брашно и компири: нов производ за кој брендот се надева дека ќе крене многу крцкава врева!
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција TBWA\Paris и продукциското студио Stink.