Брендот на Mакпрогрес Виница “Сончева Долина” има нов рекламен спот кој го “потпишува“ агенцијата Advantage Creations, снимен на локации низ Македонија, поточно по течението на реката Брегалница, крај живописната Кочанска котлина.
Широките кадри од Кочанските оризови полиња се документарна фотографија за богатата флора и фауна која изобилува во овие краишта.
Името на брендот Сончева Долина е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микроклима, успева квалитетниот наделеку познат кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на компанијата.
25 години речиси и да не поминал ден во едно македонско домаќинство без некој од производите на Сончева Долина – брендот на Макпрогрес Виница кој минатата година во септември го прослави своето јубилејно постоење.