60% од Европејците изјавиле дека вовеле позитивна промена во нивното однесување поради нешто што го виделе на телевизија
Иновациите во ТВ технологијата и програмирањето создаваат позитивни лични и културни промени кај европските потрошувачи. Ова го покажа новото истражување кое Самсунг го објави на саемот IFA 2019. Истражувањето кое започна во пресрет на 50-годишнината на компанијата, исто така, покажа дека еволуцијата на телевизијата, во смисла на најсовремени технолошки достигнувања како што е 8К, но и висококвалитетната, разновидна содржина која е достапна денес, има опипливо влијание врз многу аспекти на животот на потрошувачите.
Дури 57% од анкетираните Европејци изјавиле дека ТВ-програмата што ја гледале ги охрабрила да се премислат за актуелните општествени прашања, како што се климатските промени, сиромаштијата, економската нееднаквост и дискриминацијата. Тие како пример ја навеле емисијата на БиБиСи – Blue Planet, која мотивирала 83% од испитаниците кон некаков вид на акција, како што е намалувањето на употребата на пластика за еднократна употреба.
Две третини од Европејците покажале интерес за содржини поврзани со тековните општествени проблеми. Се` поголем број корисници следат информативна програма, при што 56% од нив ги наведуваат документарните филмови како жанр кој содржински најмногу напреднал. Покрај тоа, во време кога фразата лажни вести стана главна тема, вредноста на ТВ-вестите останува клучна. Речиси три четвртини (74%) од Европејците ја оценуваат телевизијата како еден од нивните најуверливи извори на вести.
Денешната публика се развива онака како што гледа на екранот. Истражувањата покажуваат дека 73% од Европејците тврдат дека телевизијата ги подобрила нивните животни вештини – без разлика дали се работи за учење нов јазик, обид за нов спорт или волонтирање.
Исто така, една четвртина од испитаниците сакаат да патуваат на нови дестинации за кои претходно воопшто не размислувале пред да ги видат на ТВ, а 38% биле охрабрени да пробаат нови рецепти од други култури. Меѓу нив се наоѓаат и 41% од корисниците на Smart TV, што ни кажува дека телевизорите со интернет го подобруваат корисничкото искуството на гледање.
Додека телевизијата ги охрабрува гледачите да ги поместат своите граници и да пробаат нови работи, таа исто така останува важен фактор при одмор. Една четвртина од корисниците велат дека гледањето телевизија придонесува за нивната општа ментална благосостојба, додека една третина велат дека тоа е нивниот главен начин за релаксација.
Истражувањето исто така покажува дека телевизијата сè уште е вродено социјално искуство, при што половина од корисниците сметаат дека времето што го поминуваат заедно гледајќи телевизија е квалитетно користење на времето поминато со семејството. Всушност, повеќе од една третина (34%) од Европејците веруваат дека телевизијата создала некои од нивните најсилни заеднички спомени, особено за време на клучните спортски настани или вести, што дополнително ја зајакнува телевизијата како платформа за позитивни заеднички искуства.
„Нашето последно истражување го покажува трајниот ефект и привлечноста што телевизијата ја има кај публиката, а ние остануваме посветени на иновациите насочени кон корисниците кои ја испитуваат улогата што ТВ ја игра во нашите домови. Испорачуваме иновации преку производи како што е револуционерниот QLED 8K асортиман, кој обезбедува импресивен квалитет на сликата, елегантен дизајн и паметни карактеристики, што ни дава основа да создадеме ново, прилагодено искуство на гледање. Комбинацијата на поголеми и подобри екрани, со попаметна и поразновидна содржина, и` дава на телевизијата моќ да влијае на нашите погледи на низа теми“, рече Натан Шефилд, директор на ТВ и АВ сегмент во Самсунг Европа.