Агенцијата Space150 го одбележа ‘’Air Max Day’’овој викенд со ‘’високо лансирање’’ на најновиот производ на компанијата Nike..
Со цел промоција и лансирање на новите Vapormax патики (а воедно и 30 годишнината на Nike Air Max брендот), агенцијата Space150 една патика со помош на метеоролошки балон прати во вселената.
Креативниот директор на агенцијата Space150 Ned Lampert во насока на креирање на нешто сосема поинакво од компанијата побарал еден пар од новите патики на брендот и по само два часа откако ги добил патиките одлучил една од патиките со помош на метеоролошки балон и две GoPro камери го снимил најновиот подвиг за издигнување на патиката над површината на Земјата поточно околу 36 km над Los Angeles, за потоа балонот да експлодира и да ја лансира патиката назад во калифорниската пустина.
Lampert објаснува дека агенцијата на овој начин експериментирала колку една идеја може да ја спроведе на дело.
„Nike вистински умее да не инспирира, не испирира со најновите пристапи кон технологијата, не испирира со тоа што секогаш умее да ги помести границите на нештата и сметавме дека ова е совршен пристап во кој ќе се прикаже спојот помеѓу спортот и културата низ кој ќе ја раскажеме приказната за најлесните патики во светот.’’