Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum за 2022 година си постави цел за „Обнова на врските“, со силна желба за повторно обединување, поврзување и распламнување на креативноста.
Пријавувањето за фестивалот ќе биде отворено во март, кога се очекува да биде соопштена и точната дата на одржување. Во меѓувреме, организаторите на Golden Drum ги соопштија новитетите поврзани со овогодишното издание на фестивалот.
Golden Drum воведува две нови специјални награди: Продукциска агенција на годината и Дигитална агенција на годината.
Како што кажува и самото име, првата награда ќе ги препознава оние продукциски компании кои оствариле извонредна пред или пост-продукциска работа за кампањи пријавени на фестивалот. Втората нова награда ќе ја препознае најдобрата дигитална агенција која покажала извонредна креативност во дигиталната сфера.
Повеќе за наградите кои се доделуаат на Golden Drum може да прочитате на следниот линк.
Уште еден дополнителен новитет е тоа што категориската Група Ц – Engagement (Omni-Channel Drum Section), добива нова пот-категорија: Creative Use of Technology, прославувајќи ја креативната и иновативната употреба на технологијата кон подобро корисничко искуство и зголемен број на интеракцции со потрошувачите. Метриката на пазарни резултати сега ќе добива поголемо внимание во жирирањето на групата Engagement, така што оние кои ќе се пријават ќе треба да понудат и квантификативни податоци за резултати.
Оваа година ќе има промени и во начинот на жирирање во рамки на големата All Juries секција, која вклучува три специјални Golden Drum групи: Social Good, Genius Loci/Local Spirit и Covid-19. Потесниот избор во оваа секција ќе биде определен од страна на сите четири жири-комисии во првата рунда на жирирање, додека пак големото жири ќе ги вклучува четворицата претседатели на жири-комисиите и по дополнителни двајца претставници од секоја од четирите жири комисии, кои ќе бидат избрани од страна на организаторот при втората рунда на жирирање.
Со додавањето на дополнителни 8 членови кон втората рунда на жирирање, дискусијата ќе понуди повеќе перспективи и различни мислења во однос на трите специјални групи на награди, резултирајќи со пофер жирирачки процес.