Француската холдинг компанија за луксузни производи LVMH ја отвори својата „Недела на часовниците“ која се одржува во Мајами од 28 јануари до 1 февруари 2024 година. Во текот на вчерашниот ден беа претставени луксузните новитети на швајцарскиот часовничарски бренд TAG Heuer.
- TAG HEUER CARRERA CHRONOGRAPH
TAG Heuer влегува во 2024 година со исклучителен додаток на својата колекција Carrera – TAG Heuer Carrera Chronograph Glassbox. Инспириран од иконичниот DATO-распоред со темно зелена монохроматска естетика, овој часовник му оддава почит на богатото тркачко наследство на брендот. Дизајнот Glassbox се одликува со префинета ергономија и темно зелен до азурен мини-бројчаник кај три часот, симболизирајќи ги винтиџ боите на тркачките автомобили помеѓу 1920-те и 1960-те години. Оваа прецизно избрана боја се издигнува во препознатлив елемент, поврзувајќи ја повторно серијата Carrera со златното доба на моторспортот, привлечна за ентузијастите и на класичните и на модерните часовници.
- TAG HEUER CARRERA CHRONOGRAPH TOURBILLON
Новиот Tourbillon Glassbox претставува надоградување врз дизајнерските принципи и темно зелената боја на новиот TAG Heuer Carrera Chronograph, со тоа што кај 6 часот се наоѓа издигнат отвор во кој е сместен турбилон. Благодарение на сферичниот сафирен кристал и флудината форма на новиот TAG Heuer Carrera, убавината на турбилонот сега може да се набљудува од поширок опсег на агли. На дисплејот, прирабницата и индикаторите се суптилно заоблени за да се рефлектираат и да го комплементираат работ на кристалот, унапредувајќи го елегантното чувство на часовникот.
- TAG HEUER AQUARACER PROFESSIONAL 200 SOLARGRAPH
Часовниците TAG Heuer Aquaracer Professional 200 Solargraph имаат нов дијаметар од 34 mm и пет уникатни дисплеи. Колекцијата му оддава почит на авантуристичкиот дух на серијата Aquaracer со дополнителна елеганција, што го прави овој часовник совршен додаток за внатрешен и надворешен амбиент. Воведни се нови бисерни индикатори, со дополнителна дијамантска опција, прилагодена за технологијата Solargraph, поставени врз длабоко сина и поларно сина позадина на дисплејот.
- TAG HEUER CARRERA DATE PLASMA DIAMANT D’AVANT-GARDE
Револуционерната технологија на TAG Heuer – Diamant d’Avant-Garde – поставува уште една голема пресвртница во индустријата за производство на луксузни часовници со претставување на својот обоен часовник TAG Heuer Carrera Date Plasma од 36 мм со 1,4 каратен и жолто обоен Diamant d’Avant-Gard. Ова е втор пат како TAG Heuer користи обоени дијаманти создадени во лабораторија за луксузен часовник, по розовата верзија претставена на саемот Watches & Wonders 2023. Оваа нова технологија поставува важна пресвртница во CVD техниката, создавајќи дијаманти кои доаѓаат во сите облици и форми. Оваа еволуција ја претставува посветеноста кон иновациите на брендот TAG Heuer, кој ќе продолжи да ја проширува употребата на обоени дијаманти произведени во лабораторија поопширно на луксузните часовници.
- TAG HEUER CONNECTED CALIBRE E4 – 45MM
TAG Heuer повторно се определи за популарната и раскошна зелена боја во најновиот TAG Heuer Connected Caliber E4 со длабока нијанса што зрачи со софистицираност. Овој модел со паметна технологија нуди три различни „лица“ со зелена тематика – Mirage, Prism и Chromatic – проширени за да додадат елеганција и кон другите E4 часовници. Со над 20 опции за приказ на дисплејот на часовникот и илјадници можни комбинации, часовникот одговара на различни стилови. Покрај својата естетска привлечност, Connected Caliber E4 совршено се интегрира во секојдневниот живот, поврзувајќи ги носителите за време на работа, мониторирајќи ги нивните фитнес сесии и следејќи ги нивните секојдневни активности.
- КЛАСИЧНИ ЛИЦА ЗА МОДЕРНИ ЧАСОВНИЦИ
TAG Heuer ги транспонира своите класични механички дизајни на часовници во три нови „лица“ т.е. дисплеи за паметните часовници TAG Heuer Connected Watch, црпејќи инспирација од иконичните колекции: Carrera, Aquaracer и Formula 1. Дизајнот инспириран од Carrera се карактеризира со енергична, унисекс естетика со различни бои на дисплејот, додека Aquaracer го воведува Solargraph – прилагодувајќи се на амбиенталната светлина за персонализирано визуелно искуство. Инспириран од дизајнот на Formula 1, часовникот Connected ќе го отелотворува и духот на тркачките спортови со динамични црвени, жолти и зелени шеми на бои. Овие часовници го спојуваат шармот на класичното часовничарство со паметната функционалност, нудејќи модерно, но истовремено и традиционално искуство.
- TAG HEUER ОЧИЛА
Во соработка со италијанскиот производител Thélios, TAG Heuerќе лансира разновидна колекција на очила за различни животни стилови. Линијата Pro Performance ги спојува технологијата и дизајнот за екстремни услови, линијата Sport Performance комбинира стил и атлетизам, а линијата Daily Performance нуди спортски очила за секојдневни околности. Колекцијата дава приоритет на практичноста и технологијата за удобно носење, со пет дизајни. Моделот Shield Pro нуди заменливи леќи, што ја подобрува практичноста. Други иновации го вклучуваат моделот Vingt-Sept со првите 3D метални рамки, моделот Line кој користи Dyneema® и 3D-принтан титаниум и моделот Flex што интегрира титаниумски додатоци за издржливост и елеганција. Уникатните бои произлегуваат од мешавина на материјали, при што секој дизајн содржи карактеристични елементи како еластични гумени рамки и препознатливи шарнири.
Официјални застапници за производите на TAG Heuer во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.