Во партнерство со организациите 5Rights и ACT Responsible, Европската асоцијација на комуникациски агенции (EACA) започнува ново европско креативно натпреварување за млади, кое има за цел да покаже како огласувањето може да го обликува поодговорниот и побезбедниот дигитален свет за децата на Европа.
Форматот на натпреварот, кој се темели на принципот на „отворен бриг“, е веќе добро познат, но она што го издвојува ова издание е фактот што ЕАСА навистина ќе ја претвори победничката идеја во реалност. Со поддршка од партнерите ќе биде обезбеден медиумски простор, а победничката кампања ќе се емитува низ цела Европа во третиот и четвртиот квартал од 2026 година. Иницијативата ја води EACA Young Board.
Натпреварот официјално ќе биде претставен преку Live Brief вебинар во вторник, 23 септември, со почеток во 11:00 часот. Со тоа започнува обединувањето на младите креативци од цела Европа, кои со своите идеи ќе придонесат за создавање побезбеден дигитален свет.
Широка поддршка од ЕУ и повеќекратно влијание
Со претставувањето на визијата на натпреварот пред европските политичари и министри, ЕАСА веќе собра значајна поддршка во рамките на ЕУ, со што се отвораат врати за дополнителни соработки и консултации – сега и во иднина. Натпреварот промовира неколку идеи:
- креативност за добро – демонстрира како идеите можат да поттикнат позитивни промени;
- инспирација за младите таленти – им дава можност да ги видат своите идеи реализирани во европска кампања;
- поврзување на индустријата и општеството – гради мост помеѓу огласувачката индустрија и клучна општествена тема која е во фокусот на ЕУ;
- подигнување на свеста – кампањата ќе помогне во ширењето на свеста за неопходноста од заштита на децата во дигиталната средина.
Единствена можност за младите и индустријата
Овој натпревар не претставува само уште еден креативен предизвик, туку е движење кое ја става смислата во срцето на креативноста, им дава глас на младите таленти и покажува дека нашата индустрија може и треба да игра клучна улога во создавањето побезбеден дигитален свет за децата.
На воведниот вебинар, каде што ќе можете да ги дознаете сите детали за натпреварот, можете да се приклучите преку следниот ЛИНК.