Надоврзувајќи се на историјата на оригиналниот PRX од 1978 година, швајцарскиот производител на часовници Tissot ја претстави новата колекција PRX 25mm со пет нови модели.
Создадени за различни пригоди, овие часовници имаат завршна обработка од не’рѓосувачки челик до облога од PVD злато, совршени за модерната жена. Препознатливото тенко куќиште со многуаголна форма останува централен елемент, во комбинација со живописна палета на бои што комбинира „винтиџ“ шарм со модерни трендови.
Оваа колекција ја нагласува посветеноста на Tissot да еволуира според вкусовите на својата публика. По успехот на PRX Quartz 40mm од 2021 година и повторното воведување на верзијата од 35mm, сега се враќа и моделот од 25mm – модел кој силно одекнуваше во минатото. Tissot останува верен на традицијата, но истовремено нуди реинтерпретација преку современи материјали, продолжувајќи ја низата на PRX модели како темел во часовничарството.
Класика усовршена за модерниот вкус
Колекцијата PRX 25mm го изнесува својот уникатен карактер во преден план. Три од претставените модели се одликуваат со впечатливи бројчаници во ледено сина, црна и беж боја, при што последните две опции блескаат со дијамантски маркери, додавајќи допир на брилијантност.
Моделот со беж бројчаник ја проширува својата привлечност со соодветно куќиште и нараквица обложени со PVD злато, давајќи топол сјај што го привлекува погледот.
Преостанатите два модели нудат нежен сјај со бисерни бојчаници, од кои едниот е врамен во не’рѓосувачки челик, а другиот во рамка од розово PVD злато за суптилен контраст.
Заедно, овие пет часовници го слават личниот стил, скроени за жената што ја прифаќа индивидуалноста.
Повеќе од она што се гледа
Напојувани со квалитетен кварцен механизам, часовниците обезбедуваат прецизност со минимално одржување. Сафирниот кристал врз бројчаникот обезбедува трајна издржливост, додека многуаголното куќиште и внимателно избраните компоненти му даваат на часовникот префинет, полиран изглед.
Со водоотпорност до 10 бари, часовниците од колекцијата PRX 25mm на Tissot обединуваат извонредно занаетчиство, дизајн и функционалност, што ги прави незаменлив придружник за секоја модерна жена.
Тие го редефинираат она што може да го понуди современиот часовник, комбинирајќи ја прецизноста со впечатливите детали слични на накит. Истовремено дискретен и впечатлив, секој од овие часовници претставува уникатно парче што би се издвоило во сечија колекција.
Официјални застапници за производите на Tissot во Македонија се „Божиновски часовници и накит“.