- Меѓународната кампања со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ ќе се емитува во десет земји
- Телеком повикува на поголема толеранција и единство
Меѓународната Новогодишна кампања на Дојче Телеком со порака: „Најубавиот подарок е кога сме вистински поврзани“ прикажува типично празнично сценарио: семејство кое се собира за најубавата прослава во годината. Сите се радосни што повторно се гледаат и покрај малку чудните прашања и очекувања од страна на роднините. Но, само едно прашање е навистина важно: „Дали си среќен?“
Ова е првата меѓународна кампања под новиот слоган на Дојче Телеком: „Connecting your world”, а токму тоа е и симболиката на кампањата: вистински човечки врски коишто ни значат.
„За време на празниците се спојуваат различни генерации со различни стилови на живот, што природно води до спротивни гледишта и очекувања, коишто честопати се искажуваат преку малку непријатни прашања“ – вели Урлих Кленке, Главен директор за бренд на Дојче Телеком. „Ние во Дојче Телеком се залагаме за различности, отвореност и толеранција. На сите треба да им биде дозволено да го живеат својот живот онака како што сакаат. Она што навистина е важно е длабоката врска којашто ја споделуваме со луѓето коишто ги сакаме и покрај разликите.“
Создавање емотивна блискост со искрени прашања
Приказната зборува за еден млад човек којшто доаѓа дома да го види своето семејство за Новогодишните празници. Наместо очекуваната радост и хармонија од семејната средба, тој е бомбардиран со прашања: „Кога веќе еднаш ќе го завршиш факултетот?“ „Најде ли девојка конечно?“ „Кога ќе добиеме внучиња?“
Расположението опаѓа сѐ до моментот кога неговата баба му го поставува најважното од сите прашања: „Дали си среќен?“ Во тој момент, оваа искрена врска помеѓу бабата и внукот фрла сенка врз сѐ друго.
Кампањата е создадена од Saatchi & Saatchi и промовира подлабока меѓучовечка блискост на еден весел и игрив начин.
Новогодишната кампања на Дојче Телеком се емитува во десет земји во Европа каде е присутна групацијата: Македонија, Словачка ,Германија, Хрватска, Црна Гора, Австрија и Полска, како и Романија, Република Чешка и Унгарија.