Каква е таа 2020 година што има 366 дена?? ..па да беше тоа добра бројка ние ќе бевме Маркетинг366, а не Маркетинг365…. :)
Што да се каже за збогум на најчудната година досега? И за добредојде на Новата 2021 каде чекаме уште марсовци да се појават?
Не би биле тоа што сме, ако не учиме од минатото, а овие изминати 366 дена покрај другото не` научија уште повеќе да го цениме моментумот…да уживаме во секој ден, зрак светлина, во секоја шоља кафе, секој фамилијарен ручек, секое наздравување, секоја книга, дружба, реклама и креатива….Научивме дека повеќе не треба да чекаме, туку мораме да бидеме похрабри, посилни и поспремни почнувајќи веднаш!
Да наздравиме за 2021 во која ќе чекорат овие ХРАБРИ ЛУЃЕ….кои наредните 365 дена, повеќе ќе прават, а помалку ќе се двоумат. Kои нема да чекаат – туку ќе создаваат!
За креација треба многу храброст и многу љубов….а љубовта знаете, нема граници!
Нека 2021 биде година на креативност без граници!
Маркетинг365 ќе биде тука за луѓето кои ќе творат, ќе создаваат и ќе победуваат секој ден! Ве сакаме уште повеќе и уште посилно! Бидете здрави, живи, весели и порадосни!
Традиционално како и секоја година следува преглед на најдобрите “неодобрени” новогодишни “проекти” на македонските маркетинг агенции. “Проекти” направени за своја душа, каде никој не треба да ги одобри, врати на доработка и неможе да каже ова “полево”, “подесно” или црвеното да биде “поцрвено” :) Уживајте!
McCann Skopje
За почеток на прегледот, пуштете си го овој одличен “новогодишнен микс за подобра Нова година“, во позадина: https://www.mixcloud.com/peopleofmccan…/2021-sounds-great/
Division
Publicis Group Skopje
Idea Plus Skopje
Brand Union
New Moment
UM
ImagePR
DirectMedia
Panel Plus
EFFECTIVA
MPG Skopje
NovaSolutions
Piksel
Why Not
Idea Lab
Element PR
Eden na Eden