Модниот бренд Gucci неодамна на Фејсбук го откри своето ново, привремено лого за овогодишната зимска колекција, предизвикувајќи мешани реакции од страна на јавноста.
Новото лого претставува ракописна верзија на името на брендот, но како тоа да го направило мало дете, своевидна „шкрабаница“ со тетерави линии и нееднакви задебелувања.
Новото лого на луксузниот бренд се најде и на неколку тизер-постери инспирирани од детските роденденски забави, заедно со слоганот „Rave Like You Are Five“ („Лумпувај како да си пет“). Како дел од кампањата беа направени и покани за настаните со кои беше лансирана новата модна колекција кои претставуваат рефлексија на роденденските покани кои децата им ги пишуваат на своите другарчиња.
https://www.facebook.com/GUCCI/videos/2618244148224181/
Кампањата е концептуализирана од креативниот директор на Gucci, Алесандро Мишел, наметнувајќи му на брендот еден позбавен, разигран и младешки идентитет.
Она што е интересно за новото лого е што тоа беше особено добро примено од страна на виетнамските корисници на социјалните медиуми, кои започнаа да ги менуваат своите профилни фотографии со текст напишан во сличен стил. Но, истото не може да се каже и за останатите корисници ширум светот.
Um.. excuse me Gucci, but what the actual F*ck is this??!! #logo #gucci #wtffridays #branding #designer pic.twitter.com/tiQt20Zru2
— Anna Gover (@Anna_Gover) January 14, 2020
















