Американскиот бренд на брза храна KFC официјално ги додаде похованите пилешки медаљони како постојан дел од менито во своите ресторани ширум САД.
По тој повод, брендот ја лансираше својата нова кампања „Нагетманија“ која на хумористичен начин воведува малку драматичност во инаку ведрата атмосфера на семеен оброк во некоја мирна приградска населба.
„Визијата беше да се долови како луѓето ќе се чувствуваат кога за прв пат ќе пробаат медаљон со вистински вкус“ – вели Енрике Камачо, креативен директор на агенцијата MullenLowe која стои позади кампањата.
Според KFC, медаљоните се рачно подготвени, составени од 100% бело месо и зачинети според оригиналниот рецепт на KFC кој содржи 11 различни билки и зачини. Иако брендот претходно има лансирано слични производи, ова е првпат како оригиналниот рецепт на KFC се користи за подготовка на парче пилешко месо без коски.
Во рекламата исто така може да се забележи “product placement” на новиот пијалак Starry на PepsiCo.