Италија е заслужна за голем број вкусни кулинарски креации, а една од нив е и популарниот крем од лешници Nutella на компанијата Ferrero.
Брендот и компанијата се одлучуја да ѝ возвратат на медитеранската земја со љубов, склучувајќи партнерство со италијанското туристичко биро за лансирање на кампањата за промоција на домашниот туризам – „Ti Amo Italia“ („Те сакам Италија“).
Кампањата го вклучува лансирањето на 30 различни пакувања на Nutella кои прикажуваат некои од најпознатите и најживописни пејсажи и места во Италија, меѓу кои се и езерото Комо, тосканските полиња, вулканот Стромболи, како и античкиот римски пат Via Appia.
Новите тегли на Nutella ќе вклучуваат и QR код, кој кога ќе се скенира, ќе ги однесе потрошувачите на виртуелна тура до прикажаното место.
„Nutella ја покажува својата љубов за Италија на секоја тегла и нé потсетува дека некогаш нема потреба да одите далеку за да ги видите убавите работи во животот – понекогаш доволно е само да се завртите ноколу. Во овие тешки времиња за стратешкиот туристички сектор на нашата економија, Nutella и италијанското туристичко биро ќе им го претставата на италијанците нивното најголемо туристичко богатство: убавината на самата Италија, единствената и вистинска, создадена од природа и уметност, градови и села, мориња и планини, зависта на светот,“ истакна Алесандо д’Есте, генерален извршен директор на Ferrero Commerciale Italia.