Ferrero ќе инвестира вкупно 8.2 милиони фунти за маркетинг на своите производи за овај Божиќ
Овај Божиќ, Нутела во Велика Британија ќе започне телевизиска кампања вредна 1,1 милиони фунти како дел од пошироката инвестиција на брендот во текот на празничниот период.
Кампањата ќе содржи ТВ оглас, празнични амбалажи за пакувањата од 400g, 750g и 1kg, потоа дигитални, социјални и искуствени активации.
Сопственикот на брендот, компанијата Ferrero, за овај Божиќ ќе инвестира вкупно 8,2 милиони фунти со цел лансирање на нови производи од своите брендови, вклучувајќи адвентски календари и нови пакувања на чоколадните производи.
„После успешниот Божиќ во 2016 година, како водечки производител на кондиторски производи, ни е важно да понудиме производи и линии кои ќе ги исполнат различните празнични потреби“, изјавја од Nutellа.
„Без разлика дали се работи за подарок, нешто што ќе го споделите или едноставно ќе се почестите и уживате со саканите, знаеме дека купувачите ги сакаат нашите производи и дека тие се неизоставен дел од секој Божиќ.“