Компанијата за истражувања на пазарот, организација на настани и развој на медиуми, Dataxis, со задоволство го соопшти лансирањето на NXT Media Days Europe, револуционерна серија конференции и настани за вмрежување што се одржуваат на 12-ти ноември 2024 година во Варшава (Regent Warsaw Hotel, Полска).
Оваа серија ги обединува Nextv Series Europe, CTV Ad Days Europe и Retail Media Days Europe под еден динамичен бренд, нудејќи им на професионалците во индустријата неспоредлив центар за истражување на иновациите, споделување на увиди и поттикнување на развојот на медиумите и огласувањето.
1. Nextv Series Europe: Конференција каде врвните носители на одлуки од платежни ТВ оператори, платформи за стриминг, ТВ мрежи, FTA радиодифузери, сопственици на содржини, телекомуникациски компании и интернет провајдери се собираат на едно место за да ги споделат своите сознанија и да фрлат светлина на идните предизвици и можности за развој.
Клучни компании-учеснички: GO, Deutsche Telekom, TikTok, CETIN, BBC Studios, Orange Polska, SRG SSR, TV3 Group, PLAY (Iliad Group)…
Клучни теми:
– Синергија на Pay TV и OTT во Европа
– Персонализација и откривање содржина за да се подобри задржувањето на корисниците
– Дали телекомуникациската диверзификација вон поврзувањето е сè уште најдобриот модел?
– Стриминг од „облакот“: забрзување на видео стратегиите на операторите
– Капитализација на трендовите во D2C, OTT, стримингот и социјалните медиуми
2. CTV Ad Days Europe: Овој настан има за цел да создаде можности каде што брендовите, медиумските агенции, операторите и давателите на технолошки услуги разменуваат идеи за поефикасно користење на ТВ и OTT платформите како медиум за огласување. Одлична можност за запознавање со програматските, адресибилните и ТВ-рекламните стратегии.
Клучни компании-учеснички: Warner Bros. Discovery, CME Adria, A1 Telekom, Haleon, Procter & Gamble, Douglas, Rakuten TV, GroupM, Dentsu, Unilever…
Клучни теми:
– Стратегии за претплатничко ниво со реклами: Навигација во модерната ера на стриминг
– Како CTV може да ги зајакне линеарните ТВ напори
– Модели за монетизација на издавачите во CTV просторот
– FAST: Забрзување на телевизиската револуција
3. Retail Media Days CEE: Овој настан ќе се фокусира на рапидно растечкиот пејзаж на огласување во средини за онлајн малопродажба. Ќе истражува како воспоставените мрежи иновираат за да ја задржат својата предност во услови на интензивна конкуренција, што ќе доведе до развој на нови решенија и огласувачки производи.
Клучни компании-учеснички: Schwarz Group, Allegro, DOUGLAS Marketing Solutions, Kingfisher plc, Publicis Media, pilot Agency Group, Adeo, Unlimitail, Zalando Marketing Services, IAB Europe…
Клучни теми:
– Придобивките од податоците на малопродажните трговци за брендовите
– Пазар на малопродажни медиуми: Стандардизација, доверба и прашања за транспарентност
– Рани лидери во сферата на малопродажните медиуми во Цетрална и Источна Европа
– Повеќе од храна: Нови сегменти кои опфаќаат малопродажни медиуми (фрамција, убавина, итн.)
Придружете се на NXT Media Days Europe за да останете понапред од трендовите во индустријата, да се поврзете со лидерите и да стекнете знаење потребно за да напредувате во индустрискиот пејсаж кој брзо се развива. Со врвни индустриски професионалци на едно место, максимизирајте го вашиот мрежен потенцијал и поврзете се со лидери во сферата на медиумите и огласувањето, сето тоа во еден ден.
За повеќе информации, посетете го следниот ЛИНК.