“Лажна љубов“ ќе помогне во проширување на “T Бренд Студиото”
Можеби мислиш дека не можеш да купиш љубов, но Њујорк Тајмс тукушто ја купи „Лажна Љубов“ (Маркетинг Агенцијата Fake Love, се разбира).
Експерименталното студио за дизајн чиј фокус е на виртуелна реалност и зголемена реалност, со помош на МА Лажна Љубов ќе придонесе за проширување на Т Бренд Студиото, интерниот маркетинг оддел на Тајмс.
Агенцијата “Fake Love“, која има претставништво во Њујорк и Дубаи, веќе работела на искуствени и креативни проекти со Тајмс за виртуелна и проширена реалност, како и на други проекти за познати брендови вклучувајќи ги Nike, Twitter, Sonos, Google и Coca-Cola.
T Бренд Студиото веќе стана најбрзо растечки дел од Њујорк Тајмс за рекламирање на бизнисите, изјави Мередит Копит Левин, извршен директор и главен службеник за приходи во компанијата. Со вклучување на Лажна Љубов во нашите ангажмани ќе се овозможи на Њујорк Тајмс понатамошно интегрирање на виртуелна и проширена реалност во постоечките и идните реклами за продуктите.
“Имавме теза со која ќе бидеме во можност да дадеме уникатна поддршка на пазарот преку снабдување на истите со содржински маркетинг и низа од: стратегии, креативност, дистрибуција, мерки – при што оваа аквизиција на нас ни дава способност да испорачаме екстремно комплексни креативни производства“, кажа таа.“
Лажна Љубов е всушност втората агенција која Тајмс ја купи во 2016. Во Март, ja купи Hello Society , влијателна маркетинг агенција која користи социјални медиумски ѕвезди кои ќе поттикнат реакција околу брендираните содржински кампањи.
“Соработката со Т Бренд Студио ќе ни донесе напредок во рекламирањето, содржинските конекции и искуствата врзани за брендовите меѓу луѓето ширум светот, соопштија основачите на агенцијата Лажна Љубов , Лејн Бранштајн и Џош Хоровиц. “