Шведската компанија за прерхрамбени производи од овес Oatly емитуваше 30-секунден спот за време на Super Bowl кој остави „лузна“ врз свеста на гледачите.
Озогласената реклама го прикажуваше генералниот извршен директор на компанијата, Тони Петерсен, како во поле со овес и со синтисајзер ги опејува придобивките од овесовото млеко.
Едноставен џингл, но луѓето не можеа да престанат да коментираат после нејзиното емитување, и тоа во негативна конотација. Многумина споделиле дека рекламата имала целосно спротивен ефект врз нивната желба да купат овесово млеко. Некои би рекле дека спотот беше целосна катастрофа.
Меѓутоа, се чини дека компанијата ја очекуваше таквата силна реакција и свесно ја посакуваше. Имено, компанијата ја емитувала истата реклама во Шведска во 2014 година, каде потоа била забранета како резултат на тужба од лобито за млеко од животинско потекло.
Овој пат пак, по реакциите на публиката, Oatly објави соопштение на својот веб-сајт во кое напиша: „Можеби прекинот на втората четвртина од натпреварот за светот да може да ги искуси музичките таленти на Тони за тоа како овесовото млеко е како обично млеко, но направено за луѓе, и не беше најдобрата Super Bowl идеја на сите времиња. Меѓутоа, од друга страна, нашиот обид да ги промовираме пејачките вештини на Тони пред пошироката публика всушност Ве натера да го посетите веб-сајтот на компанија за овесово млеко на тој голем ден.“
Компанијата дури лансираше и специјални маици на кратки ракави на кои пишува „Јас тотално ја мразев таа реклама на Oatly“.
„Не можеме да Ви ги вратиме тие 30 секунди, но можеме да Ви дадеме бесплатна маичка со која ќе му покажете на светот каде стоите во однос на нашиот обид за промоција на музичките вештини на Тони,“ истакнуваат од компанијата, додавајќи: „Ние веруваме дека различните мислења за нештата го помагаат општеството да се движи напред, дури и ако тие специфични мислења се доволно силни за да сакате да ги носите во форма на маичка.“