Една од најразвиените блискоисточни држави, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), ја лансираше својата прва брендинг кампања со цел да ги прошири своите можности во целта да стане „глобален трговски центар“, предводен од „напредна наука, технологија и вештачка интелигенција.“
Кампањата има за цел и да ги обедини седумте суверени уставни монархии кои ги сочинуваат Обединетите Арапски Емирати, така што логото прикажува стилизирана карта на државата нацртана со седум линии кои ги претставуваат Абу Даби, Ајман, Дубаи, Фуџајрах, Рас Ал-Кајмах, Шарјах и Ум Ај Куваин.
Боите на државното знаме – црвена, зелена и црна, ја сочинуваат и палетата на бои со кои е изградена кампањата. Дополнително, ОАЕ сега имаат и свој слоган: „Make it Happen“.
View this post on Instagram
Како што пренесуава британскиот магазин Design Week, процесот на изработка и селекција на логото вклучувал работа на седум креативци од седум различни сектори, како што се графичкиот дизајн, истражувањето и префинетата уметност, од секоја од седумте монархии кои ги сочинуваат ОАЕ, односно вкупно 49 индивидуалци.
Креативните професионалци потоа биле поделени во тимови со зададен краен рок да изработат три дизајни. Покрај победничкиот проект „7 линии“, професионалците изработиле уште две верзии насловени „Емиратите во калиграфија“ и „Палметата“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram