Edelman – eдна од најголемите комуникациски и маркетинг компании во светот, го објави својот годишен извештај од истражувањето за “доверба” насловен како Edelman Trust Barometar 2021.
Новиот извештај открива состојба на “епидемија” на дезинформации и недоверба во општествените институции и лидери ширум светот создавајќи “кршлив” екосистем за бизнисите, владите, НВО и медиумите, односно околина на информационен банкрот и секако мандат за нив да ја ре-изградат довербата и да зацртаат нов пат за понатаму.
Некои од најважните заклучоци се следниве:
- Мнозинството испитаници сметаат дека владините лидери (57%), бизнис лидерите (56%) и новинарите (59%) намерно погрешно ги насочуваат луѓето кажувајќи работи за кои знаат дека не се точни.
- Глобалната “инфодемија” (пандемија на дезинформации), се отсликува со рекордно ниска доверба кон изворите на вести. Довербата е најмала во социјалните медиуми (35% доверба), onwned media (медиуми под контрола на бренд, институција и сл) – 41%, традиционалните медиуми (53%).
- Бизнисот (61%) e институција со најголема доверба, премнувајќи ја владата (53%).
- Од извршните директори (CEOs) се очекува ЈАВНО да бидат погласни за најважните општествени теми.
- Само еден од четири испитаници практикува добра “информациона хигиена” (избегнува ехо комора да следи само истомисленици, ги проверува информациите и не ги предимензионира непроверените информации)
- Помеѓу тие кои не практикуваат информациона хигиена, постои помала спремност да примат некаква вакцина во врска со Ковид во првата година (59% спрема 70% од тие со добра информациона хигиена)
- 56% од луѓето веруваат дека пандемијата ќе го забрза процесот на замена на човечките работници со роботи и вештачка интелигенција.
- 52% од вработените кои имале можност да изберат дали ќе работат од дома или од канцеларија, избрале да работат од дома. Од нив 58% како прва причина поради тоа го навеле ризикот од Covid-19 додека патуваат или престојуваат во канцеларија.
- Академските експерти (59%) и компаниските технички експерти (59%) сеуште остануваат најкредибилни гласноговорници, но со намален процент на доверба.
Еве еден убав приказ на генералните заклучоци од сите извештаи на Еделман досега, интересен преглед како “довербата” се движи низ годините.
Сите податоци и заклучоци од истражувањето, одлично визуелно прикажани, можете да ги погледнете во целосната презентација која е достапна на ОВОЈ ЛИНК.