Marketing mreža од Србија го објави конкурсот за 9-то издание на годишните награди KAKTUS 2023 (powered by Shoppster).
Наградите се доделуваат во 25 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални индивидуални и интегрирани кампањи во изминатата година. Главните награди на фестивалот се, како и досега: агенција на годината, огласувач на годината и интегрирана кампања на годината – Grand Prix. Како и претходните години, KAKTUS 2023 ги слави само оние идеи кои ги надминуваат границите на очигледното и покрај тешките услови инспирираат и продуцираат најефикасна комуникација со целните групи. Конкурсот е отворен до 20 септември.
Новитет за овогодинешниот натпревар KAKTUS 2023 е новата категорија – TikTok. Во оваа категорија ќе биде доделена награда за најуспешните профили и кампањи на TikTok.
Исто така, наместо категоријата Web, воведена е категоријата E-commerce, која ќе ги награди најуспешните веб продавници и платформи за онлајн купување.
За овогодишниот натпревар можат да се пријават кампањи кои се реализирани или во поголем дел имплементирани во периодот од 1 август 2022 до 1 август 2023 година.
„И покрај многу тешкиот и предизвикувачки претходен период, во изминатата година беа спроведени бројни интересни и иновативни кампањи за кои сметаме дека се вредни за внимание, како од професионалците, така и од пошироката јавност. Конкурсот за наградите KAKTUS е можност да се измери дали навистина се работи за поинакви идеи кои опстојуваат, но и да се оцени напредокот на професијата. Очекуваме многу добри кампањи кои ќе укажат на развојните трендови, но и на предизвиците кои ја одредуваат иднината на креативната индустрија во Србија. Фестивалот KAKTUS е идеална можност да се види силата и потенцијалот на домашната креативност“ – посочува Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Marketing mreža, која е организатор на фестивалот KAKTUS 2023.
За тоа кој ќе ги добие овогодинешните награди на KAKTUS ќе одлучува стручно жири составено од признати и почитувани професионалци од креативни, ПР, дигитални агенции, продукциски куќи и компании од Србија и регионот. Нивните имиња ќе бидат објавени најдоцна до 15 август.
Наградите ќе бидат доделени на 9. Национален фестивал за интегрирани комуникации – KAKTUS 2023 by Shoppster, кој оваа година ќе се одржи под слоганот „Add to heart“. Фестивалот ќе се одржи на 1 и 2 ноември во Белград.
Условите на конкурсот, пропозициите и категориите, како и формуларот за пријавување и Деловникот за работа на жирито, можете да ги погледнете на веб-страницата www.kaktus.rs.
Официјалниот хаштаг на фестивалот е #kaktus2023