Индексот Effie ги идентификува и рангира најефективните агенции, маркетери, брендови, мрежи и холдинг компании преку анализа на податоци за финалистите и победниците од натпреварите на Effie Awards низ целиот свет. Објавуван годишно, тој преставува најсеопфатното глобално рангирање на маркетинг ефективноста.
Овогодинешните рангирања се репрезентативни за финалистите и победниците на Effie Awards објавени помеѓу 1 јануари 2022 година и 31 декември 2022 година.
Како најефективна индивидуална агенциска канцеларија во светот за 2022 година беше прогласена Leo Burnett Middle East со седиште во Дубаи.
Титулата најефективна агенциска мрежа во светот ја доби Ogilvy, додека пак за најефективна холдинг-компанија во сферата на маркетингот беше прогласена WPP.
На врвот на листата на најефективни независни агенции во светот се најде аргентинската Slap Global од Буенос Аирес.
За бренд со најефективен маркетинг во текот на 2022 година беше прогласен McDonald’s, додека пак титулата за најефективен огласувач му припадна на мултинационалната корпорација за пивски брендови Anheuser-Busch InBev.
Повеќе информации за индексот на Effie, начинот на бодување и целосните листи на најефективни маркетинг субјекти во светот по соодветни категории, се достапни на следниот линк.