Познат е распоредот на популарниот фестивал на креативноста и комуникацијата: по интригантната листа на говорници во главната сала, темите за кои ќе разговараат регионалните експерти никогаш не биле поактуелни – а од оваа година и во нова сала.
Неповторлива атмосфера, преполни сали, квалитетни и актуелни теми, глобални лидери и полнење на креативни батерии во пролетната атмосфера на хотелот Лоне во Ровињ меѓу регионалните лидери во областа на пазарните комуникации – подготовките се во полн ек за новите Денови на комуникациите, што ќе се одржат од 11. до 14. април во Ровињ, Хрватска. Официјалниот распоред на фестивалот е објавен, а оваа година учесниците ќе можат да учествуваат во цела серија интересни дискусии на теми од големо значење за индустријата.
ПРЕМИЕРНО: ЧЕТВРТА ФЕСТИВАЛСКА САЛА
Во текот на трите фестивалски денови, фестивалот Денови на комуникациите ќе биде домаќин на бројни светски признати предавачи во текот на денот, а вечерите ќе бидат посветени на доделување награди на најдобрите во индустријата, а потоа и славење на успехот. Покрај главната сала ААА, која ќе биде централно собиралиште на ДК заедницата од утро до вечер, како и салата BEE и DK LLLounge, кои се место за најинтересните дискусии, споделување на впечатоци, собирање знаења и типично-нетипично преиспитување на комуникацискиот свет – заедницата на ДК отсега се проширува во и четвртата сала ŠŠŠumica.
МИЛЕНИЦИТЕ НА СВЕТСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО РОВИЊ
Веќе се најавени голем број предавачи за типично-нетипичните Денови на комуникациите. Па така, на учесниците во Ровињ ќе им се придружи и светски познатиот бихејвиорален економист, психолог и научник кој се занимава со човековото однесување, Ден Арили; креативниот бунтовник од Азија со повеќе од илјада признанија за неговата работа, Јуџин Чеонг; футуристот и светски познат експерт кој ја користи науката за деконструирање на стресот и мотивацијата, Шиви Џервис; водечкиот комуникатор на Google AI Lab Deepmind, SpaceX и Facebook, Декс Хантер-Торике; првата жена адвокат специјализирана за регулаативата и авторските права во сфетата на видео игрите, која ќе нè одведе на патување низ контроверзниот метаверзум, Микаела Мантења; светски познатиот невронаучник и лидер на новата генерација маркетинг лидери, Моран Серф, поддржан од Хрватски Телеком; основачот на виралните Фејсбук страници UNILAD и LADbible и еден од првите што сфати колку навистина влијателни можат да бидат социјалните медиуми, Алекс Партриџ; светски познатиот бренд стратег кој создава уникатни искуства за брендовите, водејќи ги до нивните деловни цели, Брајан Колинс; глобално наградуваниот говорник, автор и тренер за комуникација кој ги трансформира компаниите, менаџерите и лидерите во комуникациски мајстори, Марник Вандеброек; маркетинг експертот специјализиран за раст на брендот и автор на бестселерот “The Laws of Brand Storytelling”, Џесика Џоглио – и голем број други големи светски имиња во индустријата кои ќе понудат непроценливи искуства, завидно знаење и врвни увиди.
НОВА ОАЗА НА ХРВАТСКИТЕ И РЕГИОНАЛНИ КОМУНИКАТОРИ
Покрај знаењето што ќе го понудат светските експерти, Деновите на комуникациите се особено посветени на размена на ставови и поставување трендови на регионален план. Под зелената крошна во волшебниот уметнички амбиент на приземјето на хотелот – новата сала ŠŠŠumica ќе опфати бројни актуелни теми во индустријата и ќе ги собере околу себе лидерите на нашиот регион, како и сите оние кои имаат што да кажат и научат. Оваа локација на фестивалот е отворена и ќе им овозможи на учесниците да следат во тивок режим со слушалки за целосна концентрација или без слушалки со чаша додека водат разговор со колегите, на релаксиран ДК начин. Од креативност и внимание во дигиталниот маркетинг до регионални креативни достигнувања, законодавни рамки важни за комуникаторите и низа други теми, ŠŠŠumica, исто како и Денови на комуникациите – секогаш непредвидливи и секогаш надвор од рамката – ќе биде домаќин на сите оние кои се жедни за знаење, без разлика дали преферираат удобни фотелји или барски столчиња до шанкот, кој е во непосредна близина.
Сите креативци, маркетери, дигиталци, претставници на медиумите и други комуникатори кои и оваа година сакаат да се најдат во друштво на регионалните и светските лидери во индустријата, можат да најдат повеќе информации за учество на официјалниот веб-сајт www.danikomunikacija.com.