(РЕГИОН) – Словенечкото друштво за односи со јавност (PRSS) и IAB Словенија го издадоа стручниот прирачник “Теорија и пракса на словенечките односи со јавноста II“.
Како што во уводот на зборникот напишал Iztok Verdnik, претседател на PRSS, зборникот докажува дека многуцентрично и многутематски во последниве речиси 15 години, продолжува (односно, има континуитет) професионалното практицирање на професијата Односи со Јавност во Словенија.
Како што тој дополнува, зборникот е доказ дека словенечката струка не била слеп следач на глобалниот развој на професијата, туку во многу наврати активно го креирала и одредувала.
Во зборникот се собрани 52 словенски комуникациски случаи кои се случиле во Словенија, во последните 15 години, а наградени се со наградите “Призма“ и “Златно перо“, националната и ИАБ-овата меѓународна награда.
Повеќе информации за зборникот можете да погледнете на следниов линк: http://www.piar.si/