Еден од најголемите комуникациски фестивали во Европа – меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square, кој ќе се одржи во Минск од 9 до 11 јуни, ја објави бизнис и едукациската програма со која ќе биде проследено овогодишното издание на фестивалот. Секоја година, во натпреварувачкиот дел на фестивалот учествуваат преку 1000 кампањи од над 30 држави ширум светот.
Предводници на едукациската програма ќе бидат членови на жири комисиите на White Square, креативни директори од меѓународни агенциски мрежи и локални агенции од ширум светот. Меѓу нив се најдоа и имињата на Марли Џејми, глобална претседателка на Dentsu Mcgarrybowen од Филипините; Ралф Хеуел, партнер и генерален креативен директор во Grabarz & Partner од Германија; Андреј Губајдулин, основач и креативен директор на Voskhod од Русија; Мануел Вензел, извршен креативен директор на TBWA Zurich од Швајцарија; Ергин Бинјилдиз, генерален креативен директор на Havas Creative Group од Турција; Алексеј Федоров, извршен креативен директор на BBDO Moscow од Русија; Мајкл Вилк, глобален извршен директор на Serviceplan од Германија; Ксавиер Есклуса Тријас, основач, генерален креативен директор и графички дизајнер во Twopots од Шпанија; Маркус Даубенбехел, поранешен управен креативен директор на Scholz & Friends од Германија; Али Рез, регионален извршен креативен директор на Impact BBDO од Обединетите Арапски Емирати; и Кестрел Ли, директор за дигитал, технологија и медиуми во Marketing-Interactive од Сингапур, како и повеќе други.
Бизнис програмата на White Square 2021 ќе вклучува повеќе од 70 „мастеркласови“ во областа на маркетингот, брендирањето, дигиталните технологии, медиумите и креативноста.
Клучната тема на овогодинешната бизнис и едукациска програма на меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square е „Комуникациски иновации: креативниот маркетинг како тренд на ефективноста“.
Повикот за пријавување на кампањи за натпреварувачкиот дел на фестивалот е отворен до 17 мај, во 7 категории и 129 поткатегории.
До 15 април трае специјална котизациска понуда за учество.
Целосната бизнис програма на White Square 2021 може да се погледне на следниот линк.
Организаторите на White Square, Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија, во соработка со партнерите на фестивалот подготвуваат бројни активности кои ќе се реализираат за време на трите фестивалски денови, онлајн и офлајн.
Победниците на White Square 2021 ќе бидат соопштени за време на наградната церемонија која ќе се одржи на 11 јуни и ќе биде емитувана онлајн со можност за сите учесници да ја проследат.
Подгответе ги вашите пријави и прикачете ги на adfest.by!
Време е!