Магазинот Спортс Про Медиа ја објави Топ 50 листата на маркетиншни најперспективни светски спортисти за во наредниве три години сметано од ова лето.
Канадската тенисерка Јуџини Бушар и покрај слабата форма се најде на првото место пред напаѓачот на Барселона, Нејмар и новиот Мастерс шампион во голф, Џордан Спит.
Целосната листа можете да ја погледнете на ОВОЈ линк а во продолжение погледнете ги топ 10 спортистите за кои експертите предвидуваат светла иднина, барем што се однесува за парите кои ќе ги добијат од промотивни ангажмани.
ТОП 10 СПОРЕД „СПОРТС ПРО“
1.Јуџини Бушар (Канада, тенис)
2.Нејмар (Бразил, фудбал)
3.Џордан Спит (САД, голф)
4.Миси Френклин (САД, пливање)
5.Луис Хамилтон (В.Британија, Формула 1)
6.Вират Кохли (Индија, крикет)
7.Стивен Кари (САД, кошарка)
8.Кеи Нишикори (Јапонија, тенис)
9.Катарина Џонсон-Томпсон (В.Британија, атлетика)
10.Јусеин Болт (Јамајка, атлетика)