Меѓународниот огласувачки фестивал Golden Drum ја објави прелиминарната програма за овогодинешното издание, кое треба да се одржи на 13 и 14 октомври во Порторож, Словенија.
Оваа година Golden Drum обединува извонредна комбинација на легенди, визионери и пионери, подготвени да инспирираат, предизвикуваат и мотивираат. Од проникливи предавања до интерактивни тематски сесии, фестивалската сцена е подготвена за смели идеи кои ќе заземат централно место.
Првиот ден на 13 октомври (понеделник) е предвиден за пристигнување на гостите и учесниците во Гранд Хотел Бернардин во Порторож, по што ќе следува турнеја на ближниот историски град Пиран, организирана од Туристичкото биро на Порторож. Вечерта е предвидена забава за добредојде во локалот „Њуз кафе Бернардин“.
Следниот ден, на 14 октомври (вторник), нè очекува богата програма исполнета со предавања, дискусии и сјајни награди. Денот почнува со регистрација на учесниците во 8 часот, а официјалното отворање на фестивалот е закажано за 9:30 часот.
Првата половина од денот е предвидена за предавања од низа меѓународно признати индустриски екперти, по што на пладне – пред ручекот – ќе бидат објавени добитниците на сребрени и бронзени награди за овогодинешното издание на фестивалот.
Во вториот дел од денот ќе се оджи тркалезна маса и уште неколку експертски предавања, за на крајот вечерта да биде крунисана со главниот настан – церемонијата на прогласување на победниците и доделувањето на златните награди на Golden Drum 2025, со почеток од 20 часот.
Впечатоците од денот ќе можете да ги споделите со другите учесници за време на вечерната забава во „Кафе Театар Пиран“, поддржана од Schweppes. За доброто расположение ќе се погрижи ди-џеј Алекс Ди Грув.
Повеќе информации за фестивалот Golden Drum 2025 и начинот на учество можете да најдете на следниот ЛИНК.