Официјално е претставена програмата за овогодинешниот фестивал Денови на комуникациите, кој ќе се одржи од 30 март до 2 април во хотелот Лоне во Ровињ во организација на HURA и IAB Хрватска. Покрај веќе најавениот Alex Braun, претставена е и нова ѕвезда на фестивалот, коосновачот и поранешниот портпарол на злогласниот портал за торенти The Pirate Bay, Peter Sunde, но и други интересни говорници и содржини.
Во дигиталната доба, кога секој може да стане творец на содржина, посебно е важно да се развие свест за таа моќ, но и одговорност која со неа доаѓа. Peter Sunde Kolmisoppi е политички и компјутерски стручњак кој во јавноста е најпрепознатлив како коосновач и поранешен портпарол на порталот The Pirate Bay. Заради учеството во ширење на пиратска содржина, осуден е на пет месеци затвор, а на Денови на комуникациите Sunde ќе зборува токму за одговорноста во дигиталната ера и невидливите структури на моќ кои влијаат на сите нас.
Директорот за развој во Центарот за психометрија во Кембриџ, Веселин Попов на фестивалот Денови на комуникациите, ќе опише како алгоритмите за предвидување Apply Magic Sauce ги користст психолошките податоци и податоците од социјалните мрежи, за да изработат профил на корисници кои потоа се користат во политичките кампањи или во комуникацијата на корпорациите. Колку оваа метода може да биде пресудна во кампањите, потврдува и нејзината улога во последните американски претседателски избори и во референдумот одржан во Обединетото Кралство. Попов на посетителите на Деновите на комуникации ќе им ги претстави придобивките од користењето на оваа технологија, но и како правилно да се примени во деловното комуницирање и како би се спречиле потенцијалните злоупотреби.
На Денови на комуникациите посетителите очекуваат и бројна содржина од фестивалот во Кан, како што се предавачи и видео секции од најнаградуваните светски проекти и најдобрите предавања, а на фестивалот доаѓа и директорот за наградите на фестивалот Simon Cook. Како и изминатите години, организаторите продолжуваат со познатиот фестивалски формат „Пиво После Програмата“, преку лежерна дискусија за актуелните теми, а програмата изобилува и со едукативни работилници и забавни пропратни содржини.
Редовните цени за котизацијата за фествалот се на сила од 2 март, а сите информации за пакетите на поединечните котизации, како и деталната програма на фестивалот можете да ја пронајдете на официјалната страница: www.danikomunikacija.com.